Исени со победа започна на Светското првенство во бокс во ОАЕ

Македонскиот боксер Арјан Исени забележа победа во првата борба на Светското првенство во бокс организација на ИБА.Тој на поени го совлада Деепак Шреста од Непал. Денес својот настап го очекува и вториот македонски адут, Ален Рустемовски. 

Светско првенство ИБА:
-60кг.
Ален Рустемовски – Девлин (Шкостка) 1/16 финале
-80кг.
Арјан Исени – Шреста (Непал) 1/16 финале
Арјан Исени – Некруз Салимов (Таџикистан)

Борбите се во еден ринг секој ден во 17:00 и 21:00 часот. Наградите се 300.000 долари за златен медал, 150.000 долари за сребро, 75.000 долари за бронза и за четвртфинале 10.000 долари.

Светското првенство во Обединети Арапски Емирати ќе трае до 13 декември.