• Зоран Мишевски
Боксерот од Република Ирска Мајкл О’Рајли ја призна казната поради позитивен допинг примерок, се поздрави со колегите и го напушти Олимпиското село.
О’Рајли вежеше за еден од фаворитите во категоријата до 75 кг, а беше позитивен на 4 август и експресно беше донесена одлуката за негово повлекување.
23-годишниот Ирец е носител на бронзен медал од Светското првенство во Катар, но сега го чека долга казна и веројатно најмалку една година ќе биде далеку од рингот.