И на 54 години е боксерски ѕвер: Џонс бегаше во рингот од ударите на Тајсон (ВИДЕО)

Еден од најголемите на сите времиња, Мајк Тајсон по подолга пауза се реши да се врати на рингот и синоќа во егзибициски меч се судри со исто така поранешна легенда Рој Џонс.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Боксерскиот спектакл без победник, Тајсон незадоволен веднаш побара реванш 

Дуелот на титаните, иако беше возбудлив, заврши без победник. „Челичниот Мајк“ осум рунди во свој стил го напаѓаше ривалот, кој пак како да немаше соодветен одговор и практично бегаше во рингот за да ги избегне ударите на Тајсон. 

Оваа борба иако заврши без победник е доказ дека поранешниот голем шампион и на 54 години сè уште е ѕвер во рингот.