• Горан Упале

Легендарниот боксер, Мајк Тајсон за американската телевизија СНБЦ изјави дека во неговиот луксузен живот досега има потрошено над 500 милиони долари.
Тој и покрај тоа што во кариерата од бокс има заработено „само“ 300 милиони долари, до „гуша“ е во долгови. Парите што ги заработувал од боксот,оделе за уживање, како приватна зоолошка со лав и тигар, и огромен број на луксузни автомобили. Поради големите долгови, поранешниот боксер морал да продаде дури 62 автомобили од својата богата колекција.
Тајсон објаснува дека успеал да излезе од кризата, благодарение на многуте акции, недвижности и спонзорски договори што во моментов ги има.