• Горан Упале
Филип Хрговиќ е нов светски шампион во бокс, тешка категорија, откако синоќа во Лондон го совлада Мозес Итаума во неверојатна борба која понуди вистински боксерски спектакл.
Британецот фуриозно тргна од самиот почеток и во првите рунди сериозно го раздрма Хрговиќ. Во втората рунда на Хрватот дури му беше броено, а Итаума продолжи со жесток притисок и имаше целосна контрола.
Сепак, Хрговиќ не се предаде. Како што одминуваше борбата, „Ел Анимал“ почна да се враќа, а во шестата рунда со неколку тешки удари за момент ја замолкна лондонската публика. Итаума продолжи да напаѓа, но Хрговиќ покажа неверојатна издржливост и во деветтата рунда целосно го презеде мечот. Хрватот тргна жестоко, го притисна Британецот и по серијата разорни удари, судијата мораше да ја прекине борбата.
Хрговиќ направи неверојатен пресврт и стигна до најголемиот успех во кариерата, а тоа е светската титула во тешка категорија.