ВИДЕО: Холифилд се врати во рингот и доживеа тежок пораз во првата рунда

Холифилд

Ивандер Холифилд е познато име во боксерскиот свет. Многумина го знаат по епската борба со Мајк Тајсон кога остана без дел од увото, а подоцна успеа да стигне и до шампионскиот појас во тешка категорија.

Американскиот боксер се врати во рингот овој викенд. Тој ги вкрсти ракавиците со ММА борачот Витор Белфорт. Судијата ја прекина борбата, по големиот притисок и тешките удари кои ги прими легендарниот боксер и тоа во првата рунда.

Настанот донесе уште една интересна борба. Овојпат меѓу две поранешни ММА ѕвезди. Андерсон Силва со спектакуларен нокаут успеа да слави над Тито Ортиз.