• Зоран Мишевски

Познатиот боксерски шампион Ивандер Холифилд ќе се врати vo рингот по десет години и ќе ги вкрсти ракавиците со Бразилецот Витор Белфорт на егзибициски меч во Флорида.
Холифилд има 59 години и ќе го замени 48-годишниот Оскар Де Ла Хоја, исто така поранешен светски боксерски шампион во шест различни категории, кој мораше да се откаже, бидејќи е заразен со ковид-19.
Белфорт, пак, има 44 години и ште е активен ММА борец. Борбата ќе се одржи во осум рунди од по две минути.
Се шпекулира дека по оваа егизибициска вечер може да има меч на Холифилд со 55-годишниот Мајк Тајсон, кој излезе во рингот во ноември минатата година против Рој Џонс Џуниор.