„Хиената“ Бариос ја излежа затворската казна, наскоро се враќа во рингот

Некогашниот светски шампион во бокс, Аргентинецот Хорхе Бариос, попознат како хиена од вчера е пуштен од затвор, откако одлежа 27 месеци.

Последниот дел од својата казна „хиената“ ќе ја отслужи во домашен притвор и условно ќе биде ослободен.

Бариос пред шест и пол години направи сообраќајна несреќа во која загина 22-годишна бремена жеана. Боксерот веднаш сам се предаде на полицијата. По три и пол години излежани во државниот затвор, Бариос се наоѓа во последната фаза од казната. 

Во својата кариера 40-годишниот боксер има 50 победи (36 со нокаут) и 4 порази.