• Зоран Мишевски
Тренерот на нашиот боксерски медалист од Будва, Ардијан Аземи најави дека овој успех може да биде нов почеток и „ветер во грб“ на македонскиот бокс.
Насер Харуни на вчерашната прес конференција повод успехот, освоениот бронзен медал, потенцираше дека освојувањето на овој медал е заслуга на сите, на федерацијата на останатите тренери кои работат во боксот, ова е награда за сите.
„Сакам да истакнам дека ова е успех на сите, прв медал во младинска конкуренција на Европско првенство. Со доаѓањето на Примислав Димовски на претседателската функција боксот оди напред.
Сакам да му се заблагодарам и на Петре Чурлиновски, искусниот наш тренер во боксот, неговите совети беа драгоцени на патот кон припремата на борбите во Будва. Жалам што не успеавме да влеземе во финале, Ардијан боксуваше одлично, загуби тесно со 3-2, но следува Светското првенство и ќе се обидеме да напредуваме“, изјави Харуни.
Ардијан Аземи најави дека ќе продолжи да работи посветено за нов успех.