Гркот Малихудис на поени го „легна“ Мендес и го подигна Прилеп на нозе!

Во голем спектакл на благородната вештина синоќа во Прилеп еден Грк и еден Британец привлекоа големо внимание и понудија борба за секоја пофалба меѓу четирите јажиња. Во спортската сала во СОУ “Ѓорче Петров” се одржа професионален бокс меч за титула во категорија до 91 килограм меѓу Даниел Мендес од Англија и Гркот Карилаос Малихудис.

Адреналинот беше на високо ниво кај сите посетители, а по рунди на неизвесност Малихидис победи на поени со едногласна одлука на судиите.

Пред големиот спектакл, кој го очекуваше полната сала во Прилеп, имаше неколку бокс и кик бокс мечеви на борци од Македонија за загревање на атмосферата.