• Зоран Мишевски

Казахстанскиот боксер Генади Головкин ја одбрани титулата светски првак во средна категорија во верзијата ВБА и ВБЦ. Тој со едногласна одлука на судиите после 12 рунди го победи Американецот Даниел Џејкобс.
Казахстанецот Головкин во својата кариера забележа 37 победи од исто толку борби, а 33 ги доби со нокаут. Џејкобс стави крај на серијата од 23 победи во серија со нокаут за Головкин, но не успеа да го совлада.
Последната победа на поени Казахстанецот ја имаше во 2008 година на мечот против Алжирецот Амар Амари.