ВИДЕО: Головкин по 17. пат ја одбрани светската титулата во средна категорија

Казахстанскиот боксер Генадиј Головкин успеа и по 17. пат да ја одбрани титулата светски првак во бокс во средна категорија. Головкин успеа да слави победа со технички нокаут против предизвикувачот Кел Брук, на негов терен во Лондон. За Головкин вчерашната победа беше негова 36-та, од кои 33-та со нокаут, а уште нема пораз во професионалната кариера.

Во тек беше петттата рунда кога тренерот на Брук, Доминик Ингл ја фрли крпата во рингот, што автоматски значеше крај на борбата и одбрана на титулата за Головкин. Во тие моменти Брук добро се држеше, но неговиот тренер едноставно отцени дека нема шанса против Головкин. За Брук денешниот пораз беше негов прв во 37 професионални борби.

Со тоа 34-годишниот Казахстанец остана апсолутен владетел во четири категории, ВБА, ВБЦ, ИБФ и ИБО. Единствена, која му недостига е титулата во ВБО, која е во соптвеност на Били Џо Сандерс.