ВИДЕО: Головкин го натера Серемета да се предаде и сруши апсолутен рекорд на Хопкинс

ГГГ

Казахстанецот Генади Головкин го победи полскиот предизвикувач Камил Серемета кој се откажа по седмата рунда и ја предаде борбата.

38-годишниот шампион со техничкиот нокаут испиша историја. По 21. пат ја одбрани титулата во средна категорија и го надмина достигнувањето на Бербард Хопкинс.

Борбата се одржа на Флорида, а во истата Полјакот влезе по 21 борба без пораз. Головкин по оваа победа изјави дека е подготвен по трет пат да ги вкрсти ракавиците со Канело Алварез, кој овој викенд ќе се соочи со Калум Смит.

Ова беше прва борба за казахстанскиот боксер по пауза од 14 месеци, односно по првиот пораз во кариерата против Алварез.