Gol.mk анкета: Големата дебата - кој победува меѓу Тајсон и Али?

Мохамед Али е прогласен неофицијално за најголемиот боксер на сите времиња. Делумно поради тоа што го направи во боксерскиот ринг, но и големото влијание и харизмата надвор од спортот.

Иконата на боксот, кој своевремено се бореше за човековите права, почина на 3 јуни 2016 година, по долгогодишната борба со Паркинсонова болест. Во кариерата имаше 61 професионална борба, а победи на 56 и доживеа пет порази. 

Од поновата ера боксерски ѕвезди секогаш отскокнува Мајк Тајсон. Најмладиот светски првак во тешка категорија карактерно беше спротивен од својот идол и постојано беше во медиумите, но поради своите испади предизвикани од проблематичниот карактер и окружувањето.

„Челичниот Мајк“ долго време беше на врвот на светот, а до денес многумина стравуваат од неговиот изглед, иако е длабоко навлезен во својата пензија. Познат по својот разорен удар и нокаут, Американецот запиша 50 победи, од кои на 44 со нокаут, а заработи шест порази.

Вечната дилема е кој би победил во меѓусебен судир - Мохамед Али или Мајк Тајсон?