Голема трагедија: Го загуби животот во првиот професионален бокс-меч

Од боксерскиот свет ни доаѓаат трагични вести. 29-годишниот Шериф Лавал го загуби животот откако беше нокаутиран во четвртата рунда во борбата против Португалецот Малам Варела. 

Ова за Лавал беше негов прв професионален боксерски меч, кој за жал, заврши на најтрагичниот можен начин. Медицинскиот тим веднаш реагирал и влегол во рингот за да му пружи помош, а смртта е констатирана откако бил донесен во најблиската болница. 

„Ужасен момент кој никој од нас не го посакуваше. Изразуваме искрено сочувство на семејството на Шериф, но знаеме дека тешко им е на сите во боксерската заедница. Не ни е јасно како ова се случи, навистина сме погодени сите. Ваквите сцени никогаш не се пријатни“, изјави организаторот на настанот, Костакис Евангелу. 

Поддршка и сочувство за семејството изрази и славниот Тајсон Фјури, кој викендов ќе се бори против Украинецот Олександар Усик.