Голем удар за светскиот шампион во бокс: Русија му го конфискува имотот!

Олександр Усик, светскиот шампион во бокс во тешка и крузер категорија, се најде во центарот на нов геополитички скандал, при што руските власти му го запленија имотот на Крим, тврдејќи дека тој ја финансирал украинската војска.

Владимир Константинов, претседателот на кримскиот парламент назначен од Русија, објави на дека имотот на познатиот боксер Усик, заедно со 84 други физички и правни лица, е додаден на списокот на „национализирани“ средства.

Константинов го објасни потегот со следниве зборови:

„Целта е да се идентификуваат средствата на секој што би можел да ја загрози безбедноста на Руската Федерација и Крим и да се спречи секоја активност насочена против нашата земја“.

Инаку, Олександр Усик е апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија, а во својата последна борба славеше со нокаут над Даниел Дубоа во спектаклот на стадионот „Вембли“.