Голем напредок на Матеј Чатлески, македонскиот бокс добива нов бисер

Минатиот викенд во Скопје се одржа првиот Меѓународен турнир во бокс - „Арена Куп” во организација на БК Чаир и НБФ. Прилепчанецот Матеј Чатлески во својата трета борба во боксерската кариера покажа одлична борба против многу поискусниот Амар Кочи од Албанија.

Во рамноправна борба победата му припадна на Амар Кочи, а Матеј Чатлески го освои сребрениот медал.

„После борбата видов дека можеме да се носиме со поискусни боксери и за брзо време да победуваме. Презадоволен сум од пожаната техника и физичката подготвеност на Матеј Чатлески. За нашиот перспективен боксер Марко Петрески немаше противник. Гледаме голема иднина на нашите боксери“, истакна тренерот на клубот Дарко Чатлески.

Боксерскиот клуб АС од Прилеп е на првото место во младинската лига на Македонија во бокс.