Гоце Јаневски обезбеди бронзен медал за Македонија на Балканското првенство во Анталија

Македонскиот репрезентативец Гоце Јаневски го победи Србинот Филип Џиниќ во четвртфиналето со 3-2 во категоријата до 75 килограми на Балканското првенство во Анталија. Со оваа победа Јаневски обезбеди најмалку бронза.

Нашиот боксер во полуфиналето ќе се сретне со Бесарт Пирева од Косово, кој настапи на „Златен Гонг“ пред неколку месеци. Оваа борба е закажана за в петок попладне.

Вториот наш претставник Арсим Етеми загуби од Бирол Ајгун од Турција со 5-0 и го заврши настапот на шампионатот. Јасин Љама утре се среќава со Георге Думитреску од Романија во категоријата до 63 килограми.