Французинката Мозели доминантна во рингот за злато до 60 килограми

Естели Мосели од Франција е освојувачка на златен медал во бокс во женска конкуренција во категоријата до 60 килограми со победата во финалето против Џунхуа Јин од Кина на поени.

Мосели беше најдобро рангирана воочи Олимписките игри и ја оправда таа улога. Анастасија Белијакова од Русија го освои бронзениот медал.

Вечерва на програмата се финалните борби во машка конкуренција во категоријата велтер и мува.