Флојд Мејведер најави пензија, но никој не му верува

Флојд Мејведер ги отфрли шпекулациите дека ќе се врати во рингот во новата 2019 година. 

Американскиот боксер ја заврши својата кариера по борбата со Конор Мекгрегор и воочи влезот во новата година се врати во ревијален меч и го совлада јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава. 

„Немам намера да се вратам на боксот. Влегов во рингот за да ги забавувам Јапонците и ништо повеќе“, рече Мејведер.

Сепак, добрите познавачи на благородната вештина и на самиот Мејведер сметаат дека Американецот сигурно ќе се бори повторно во 2019 година. Реванш со Мани Пакјао или борба со Хaбиб Нурмагомедов се најреалните опции ако Мејведер ја прекине пензијата.