• Горан Упале
Вербалната битка на тешката сцената не стивнува, а најновиот поттик го даде Ентони Џошуа пред неговата борба против Џек Пол, кој рече дека би го „убил“ својот противник доколку може.
Ова предизвика жестока реакција од Тајсон Фјури, кој му упати директна закана, обвинувајќи го Џошуа дека користи екстремна реторика само за да ја продаде борбата против јутјуберот.
„Тој (Џошуа) има 37 години, е на крајот од својата кариера, се бори со јутјубер, некој лик од Дизни Канал што Томи (Фјури) го победил, а сега зборува за негово убиство и работи за да ја продаде борбата.
Те молам. Лаеш на погрешно дрво, идиоту. Еве еден факт, ако некогаш те сретнам, клошару, ќе те успијам со еден удар. Не сум јутјубер ниту човек половина од твојата големина. Јас сум човекот што ќе те убие“, рече Фјури.
Инаку, Џек Пол е јутјубер кој пред една година во рингот се соочи со легендарниот Мајк Тајсон.