Фјури закажа две борби годинава: Германецот Шварц прв ќе го предизвика

Поранешниот светски првак во бокс во тешка категорија Тајсон Фјури изјави се враќа во рингот двапати во централниот дел на годината, откако закажа нова борба за 28 септември. Британецот, најнапред на 15 јуни во Невада, ќе ги вкрсти ракавиците со Том Шварц, а без разлика на исходот, неколку месеци подоцна ќе излезе во рингот за борба која треба да биде најава за нов дуел со Вајлдер или Џошуа.

Фјури, кој има импресивен биланс од 27 победи, од кои 19 со нокаут и само еден пораз, уште нема противник за септември, но неговите промотери наскоро ќе го објават името на ривалот. 

Што се однесува до борбата со Германецот Шварц, „циганскиот крал“ вели: 

„Јас сум најдобриот боксер на планетата. Дионтеј Вајлдер двапати ме собори, но не ме победи. Борбата со Шварц е средба на Англија против Германија, а тоа е едно од најголемите ривалства на планетата“.

Се шпекулира дека Фјури ќе добие голема сума на пари за следните две борби, а се предвидува негови победи и ѕвездена 2020 година со реванш меч против Вајлдер. Нивната прва борба на американско тло заврши нерешено.