• Сашо Поповски

Боксерските џинови Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер на 22 февруари оваа година ќе имаат реванш во Лас Вегас.
Британецот и Аметиканецот ремизираа на првиот судир во декември 2018 година, па сега одново ќе ја тестираат својата непоразеност. 31-годишниот боксер од Велика Британија во свој стил зборуваше на прес-конференцијата за најава на борбата.
„Ова е прв тренинг камп во последните десет години во кој не сум испил ниту една диетална „кока-кола“, а нема да го направам тоа по борбата. Ова е прв тренинг камп каде што легнував во кревет до 21:30 часот, па станував свеж наутро во седум часот.
Јас правам многу работи што не сум ги правел досега. Јадам пет, шест оброци на ден, пијам осум литри вода. Ако тоа ќе ми даде предност, подготвен сум да го пробам.
Мастурбирам седум пати на ден и така редовно пумпам тестостерон, додека се подготвувам за Вајлдер“, изјави Фјури.
И двата боксери немаат пораз во кариерата, што ја прави оваа борба исклучително интересна. Многумина веруваат дека одлуката на судиите за реми на првото соочување не била правилна.