Фјури: Тајсон го промени боксот, тој е гладијатор на денешницата!

Само пред неколку дена Мајк Тајсон уште еднаш му оддаде признание на покојниот Мухамед Али како најголеми боксер на сите времиња. Но, во изјава за британските медиуми Тајсон Фјури покажа почит кон Мајк Тајсон и го нарече една од најголемите икони во светот на боксот.

Таткото на британскиот боксер, Џон, загубил две ќерки, кои исто така биле родени предвреме и лекарите не му давале шанса неговиот син да преживее. Сепак, тој се избори и го доби името Тајсон по легендарниот Мајк Тајсон.

„Мајк Тајсон е жива легенда и го промени боксот. Тој е гладијатор на денешницата“, кратко изјави Тајсон Фјури за неговиот идол. 

Фјури ја освои титулата во тешка категорија на ВБЦ верзијата, откако во февруари го нокаутира Дионтеј Вајлдер. Наводно, Фјури му ветил на Мајк Тајсон дека ќе го победи Вајлдер, затоа што поранешниот шампион се фалеше и велеше дека може да го победи Мајк Тајсон во неговата најдобра форма.