Фјури: Спиев со над 500 жени, лажго сум и се каам за тоа

Според многумина најдобриот боксер на денешницата, Тајсон Фјури, откри дека имал бурен живот, а особено скандалозен бил неговиот однос со сопругите - поранешната Робин и сегашната Парис.

Фјури со Париз е од 2008 година и имаат шест деца. Во едно интервју тој призна дека ја изневерил сопругата.

„Јас сум лажго, измамник, вистински отров. Направив многу глупави работи, но сите грешиме. Единственото нешто за кое се каам е што имав врски пред браковите. Посакувам да ја избришам таа епизода од мојот живот. Спиев со 500 жени, можеби и повеќе. Не знам, одамна престанав да бројам. Тоа е валкано и страшно. Сега го гледам како нешто одвратно. Јас не сум религиозен, но сакам да бидам добра личност. Престанав да ги правам сите тие лоши работи“, рече Фјури.

Британецот пред неколку седмици го нокаутира Чисора и ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија, а најверојатно негов следен противник ќе биде Украинецот Олександр Усик.