• Зоран Мишевски
Британскиот боксер Tајсон Фјури оствари нова победа во својата професионална кариера. Ноќва во Лас Вегас, Британецот се бореше против Ото Валин и потешко од предвиденото го совлада на поени после 12 рунди.
31-годишниот Британец доби удар од Швеѓанецот во третата рунда и страдаше неговото десно око. Фјури издржа, не се предаде и со иницијатива во текот на поголемиот број рунди, стигна до победа на поени.
Судиите едногласно му доделија триумф, а по борбата Британецот го прозва следниот ривал.
„Вајлдер, сега те сакам баш тебе“, порача Фјури.
Според промотерите до таа борба ќе дојде дури следната година.