• Саше Љолес
Тајсон Фјури и Олександр Усик ќе се соочат во спектакуларна борба на 21 декември во Саудиска Арабија, а во пресрет на борбата Фјури даде помалку брутален коментар и најави победа против Украинецот.
Британскиот боксер смета дека е многу подобар од Усик и најави нешто што веројатно ниеден фан на Усик не сака никогаш да го чуе.
„Нема да биде исто како на првата борба. Сега знам дека задачата ќе биде многу полесна. Минатиот пат имав посекотина под окото, затоа сметам дека требаше да го одложам мечот и покрај фактот што ќе изгубев 10 милиони фунти.
Усик нема да биде подобар од мене. Едноставно, тоа не е можно. Ќе видите точно за што ви зборувам. Ќе го уништам и ќе му ја завршам кариерата. После таа вечер светот никогаш нема повеќе да чуе за Олександар Усик“, самоуверено изјави Фјури.
Навивачите на Фјури се надеваат дека зборовите на нивниот миленик се издржани и се подготвуваат за нова спектакуларна боксерска борба која се очекува да ја следат над 100 милиони гледачи ширум светот.