Фјури: Сè уште сум дебел, грд и ќелав, но пак сум водечка боксерска ѕвезда

Тајсон Фруји важи за еден од најдобрите боксери на денешницата и актуелен шампион во тешка категорија. 

Со само едно реми, Британецот пред два месеци го презеде појасот од Деонте Вајлдер, а има желба да остане шампион до својот крај на кариера.

„Остварив многу повеќе од кој било друг активен тешкаш денес. Никој не може ниту да ми се приближи. Среќен сум за тоа и верувам дека така ќе биде уште долго време. Јас не боксувам за пари, слава или пак за појас. Боксувам затоа што го сакам овој спорт. Нема што уште да докажувам.

Пред неколку години ме отпишаа затоа што моето тело не личеше на боксерско, како на останатите. Тогаш најдобар боксер беше Кличко, но не се уплашив и ете и денес сум водечка боксерска ѕвезда. Сè уште сум дебел, грд, ќелав, но сè уште сум и непоразен“, вели Фјури. 

Британецот пред извесен период најави дека по реваншот со Вајлдер, кој ќе се одржи откако ќе заврши кризата со корона, ќе следат два спектакли со апсолутниот боксерски шампион, Ентони Џошуа.