Фјури: Се колнам, мислев дека победив! Судиите подранија со божиќниот подарок за Усик...

Тајсон Фјури вторпат загуби од Олександр Усик на бокс-спектаклот во Ријад. По одлука на судиите до 116-112 украинскиот боксер дојде до триумф и ги обедини титулите светски првак. 

Сепак, Фјури смета дека е оштетен од страна на судиите. Поранешниот првак веднаш по прогласувањето на победникот беше незадоволен, а не ги штедеше зборовите и критиките. 

„Ви се колнам, мислев дека јас бев победник и дека разликата беше три рунди во моја корист. Бев сигурен дека ќе славам, цело време бев во подобра позиција. Ова се случува кога нема нокаут...

Судиите му дадоа на Усик подранет подарок за Божиќ. Моето чувство е дека бев подобар во двете наши борби. Знаев дека морам да го нокаутирам, но тоа е боксот и се случуваат овие работи. Во мојата глава нема ниту грам сомнеж дека бев победник“, изјави Фјури.

Усик двапати го совлада Фјури на ист начин, со тесни победи по судиска одлука. Првата пред седум месеци за разлика од оваа беше на еден поен.