Фјури: Само јас сум подобар од Вајлдер, штета што ќе загуби од мене

Фјури Вајлдер

Американскиот боксер Деонтеј Вајлдер со нокаут над Доминик Бреазел по деветти пат ја одбрани ВБЦ титулата. 

Во рингот остана нешто повеќе од две минути, а Тајсон Фјури, неговиот голем ривал, изјави дека ваквиот исход на борбата беше лесно предвидлив.

„Честитки за Вајлдер за нокаутот против Бреазел. Токму тоа го предвидев пред борбата. Сега сите знаат што ги чека кога ќе застанат наспроти него.

Така ќе помине и Ентони Џошуа. Жал ми е, Вајлдер ќе ги уништи. Баш штета што ќе загуби само од мене. Вајлдер е вториот најопасен боксер на денешницата, по мене се разбира“, вели 30-годишниот Британец.

Фјури и Вајлдер најверојатно повторно ќе вкрстат ракавици во 2020 година. Првиот судир меѓу нив заврши без победник, иако експертите сметаат дека судиите требаше да му ја доделат победата на британскиот боксер.