• Саше Љолес
Британскиот боксер Тајсон Фјури изјави дека би сакал да има уште една борба како увертира пред евентуалниот мега-дуел со Ентони Џошуа.
Фјури посочи дека е подготвен повторно да влезе во рингот и дека би му значело да одработи барем еден меч пред потенцијалната пресметка со својот сонародник, која долго време се најавува како еден од најголемите спектакли во тешка категорија.
Според неговите зборови, таквата борба би била идеална подготовка за соочувањето со Џошуа, со кого веќе подолго време има ривалство и меѓусебни провокации.
Во меѓувреме, преговорите за меч меѓу двајцата боксери и натаму се актуелни, а интересот на јавноста е огромен, бидејќи станува збор за пресметка што би можела да го одреди апсолутниот владетел во тешка категорија.