Фјури сака ЧЕТИРИ ПАТИ повеќе пари од Кличко за реванш борбата следниот месец

Ирецот Тајсон Фjури и Владимир Кличко пред нивната средба следниот месец имаат една голема недоумица - Колкави да бидат премиите на двајцата боксери?

Според весникот „Спорт“ во Украина, Фјури инсистира да добие 80% од приходите, што е четири пати повеќе од добивкат на Кличко. Украинецот не се согласува со овие услови и судот ќе реши дали стапува на сила претходно потпишаниот договор за реваншот или не.

 Борбата требаше да се одржи на 9 јули, но сега е преместена за 29 октомври во Манчестер поради повредата на британскиот боксер.