Фјури: Пулев и Поветкин ќе ги кренам на клоци, едниот до Бугарија, другиот до Русија

Тајсон Фјури, поранешниот светски шампион во тешка категорија, истакна дека барал неколку ривали да му бидат противници на наредниот меч, но не го добил посакуваното.

Фјури ќе се бори со Ото Валин, но претходно, негови желби биле Кубрат Пулев, Александер Поветкин, Џерел Милер, Тревор Брајан и Адам Ковнацки. Но, тие одбиле да влезат во рингот.

„Им понудивме на овие боксери да влезат во рингот со мене. Сите или не можеа, или не сакаа да се борат. Тогаш дојдовме до Ото Валин кој прифати. Како и да е, јас не сум изненаден од нивните одлуки, затоа што знаат дека ќе ги претепам. Едниот ќе го кренам на клоци до Бугарија (Кубрат Пулев н.з.), а другиот до Русија (Александер Поветкин н.з.)“, изјави Фјури.

Британецот ќе влезе во рингот со Валин на 14 септември во Лас Вегас.