Фјури прифати егзибициска борба против ѕвездата на „Game of Thrones“

Тајсон Фјури, непоразениот светски шампион во супертешка категорија, многу брзо би можел да се врати во рингот, иако најави дека повеќе нема да се бори.

Британецот најверојатно ќе ја прифати поканата за егзибициски меч против Исланѓанецот Тор Бјорнсон, некогашен победник на натпреварот за најсилен човек и ѕвезда на серијата „Game of Thrones“.

„Ќе биде многу забавно. Очекувам борба пред 70.000 гледачи и секако да го нокаутирам. Искрено сум заинтересиран за оваа приказна“, рече Фјури.

Бјорнсон има две егзибициски борби зад себе и победи и во двате излегувања во рингот.

„За мене е голема чест што ќе се борам со непоразениот светски шампион во бокс. Секако дека ќе дадам сè од себе, бидејќи сум воин и викинг и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Бјорнсон.

Во легендарната серија Бјорнсон ја имаше улогата на воинот Грегор Клеган (Планината).