Фјури посакува реваншот против Вајлдер да биде на „Театарот на соништата“

Еден од најконтроверзните боксери на денешницата, Тајсон Фјури, синоќа од ложата на „Олд Трафорд“ уживаше во големото англиско дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал. 

Очекувано, по самиот крај на мечот, Фјури беше опколен од новинари, кои сакаа да дознаат информација повеќе за евентуалниот реванш-меч против Дионтеј Вајлдер. Веќе неколку дена се шпекулираше дека новиот бокс-спектакл ќе се одржи во Лондон, Фјури истакна дека посакува тоа да се случи на легендарниот „Театар на соништата“. 

„Некој рекол дека „Емирати“ ќе биде домаќин, но јас ќе речам не, тој меч нека биде тука, на „Олд Трафорд“, одговори Фјури, носејќи шал од Манчестер Јунајтед. 

За потсетување, првиот меч меѓу Фјури и Вајлдер заврши без победник, откако двата боксери добија по 113 бода од судиите.