ВИДЕО: Фјури подготвен за Германецот Шварц, „река“ од луѓе на отворениот тренинг на Британецот

Контроверзниот британски боксер Тајсон Фјури се подготвува за својата трета борба во САД. Британецот овој викенд ќе се сретне со непоразениот Германец Том Шварц. Ривалот на Фјури има биланс од 24 победи, од кои 17 со нокаут и ниту еден пораз.

Фјури исто така располага со импозантен рекорд од 27 победи, од кои 19 со нокаут и по еден пораз и нерешен резултар. „Циганскиот крал“ како што го нарекуваат Фјури денес имаше отворена тренинг во Лас Вегас, а многу љубители на боксот присуствуваа на неговата егзибиција. 

  • Тренингот на Фјури во Лас Вегас:

По поразот на Џошуа, Британците се надеваат дека нема да ги снајде уште еден шок. Фјури е апсолутен фаворит кај бубмејкерите, а и критичарите сметаат дека Фјури пред оваа борба доаѓа во оптимална форма.