• Горан Упале
Еден од најдобрите боксери на денешницата, Тајсон Фјури веќе подолг период е во центарот на вниманието кај боксерската јавност. Причината за тоа е неговиот следен дуел против Дионтеј Вајлдер, ривал против кого ќе се сретне овој викенд во борбата за светската титула во тешка категорија.
Британскиот боксер е познат по својот „долг јазик“ и спортист кој не пази што зборува пред камерите. Така е и во пресрет на оваа борба, за која смета дека ќе ја добие лесно, а потоа ќе слави со кокаин и проститутки.
„Нема нешто поубаво од славје со кокаин и проститутки. Но, со оние поевтините од 30 долари“, низ смеа одговори Фјури.
Фјури, покрај дуелот со Вајлдер, има договор со кој мора да настапи на уште две борби, а после тоа многу веројатно ќе замине во боксерска пензија.