Фјури ослабе 65 килограми: Штом ја победив депресијата, можам против сѐ

Тајсон Фјури во полна пареа се подготвува за борбата против Дионтеј Вајлдер која ќе се одржи на почетокот на декември. Самодовербата кај него е на највисоко ниво и вели дека ќе го победи ривалот, затоа што со победата над депресијата е самоуверен дека може да се бори со секого.

„Целиот живот работев за да освојувам титули. Кога дојдов до нив, почувствував празнина. Имав пари, слава, но се чувствував како да сум најбезвредниот човек на светот. Можев да пукнам со прстите и да добијам сѐ што сакам, но иако имав сѐ, се чувствував како да немам ништо. Се чувствував како сѐ што направив во животот да е ѓубре. Бев надвор од контрола и се мразев себеси. Во рингот треба само да сум свој. Сега сум друг човек. Штом ја победив депресијата, тогаш можам против сѐ“, изјави Фјури.

Борбата меѓу Фјури и Вајлдер ќе се одржи на 2 декември во Лос Анџелес.