• Сашо Поповски

Неполна недела по спектаклот во Лас Вегас и победата над Деонтеј Вајлдер, Тајсон Фјури излезе со шокантна изјава за фановите.
Британецот сега не размислува за бокс или враќање во рингот, а под знак прашалник е и неговата кариера.
„Не знам што ќе се случи. Ми останува уште една борба во договорот со ЕСПН и ќе видиме потоа што понатаму. Не размислувам за бокс во моментов. Не знам колку препукувања ми останаа. Не знам дали треба да се борам повеќе. Не знам што носи иднината. Мотивиран сум да станам наутро, да тренирам малку и да уживам во мојот ден. Немам цели во боксот, остварив сè и освоив сè, во тоа сум единствениот што успеа во тековната ера“, изјави шампионот во ВБЦ категорија.
Боксерскиот свет се надева дека Фјури нема да се откаже и дека ќе ја оствари најголемата желба на Британците, а тоа е судир со Ентони Џошуа.