• Горан Упале

ВБЦ шампионот Тајсон Фјури ги израдува своите фанови, откако обелодени кои ќе бидат неговите следни противници во боксерскиот ринг.
Веќе е познато дека негов следен меч е против големиот ривал Дионтеј Вајлдер, против кого за првпат ќе ја брани ВБЦ титулата, а потоа ќе следат два спектакли против Ентони Џошуа.
„До крајот на годината сигурно ќе имам реванш со Дионтеј Вајлдер, а потоа следат две борби со Џошуа“, истакна Фјури.
Фјури на 22 февруари го нокаутира Вајлдер и стана ВБЦ шампион, а против Џошуа ќе се бори за апсолутен светски шампион.