• Мартин Танасковски
Поранешниот шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури, вели дека знае како да го победи Антони Џошуа ако двајцата влезат еден против друг во рингот.
„Џошуа не ги движи добро нозете како и горниот дел на телото. Да оди против мене, би му било погубно. Јас ги имам сите работи што тој ги нема – добро движам нозе, добро го позиционирам горниот дел од телото, имам добро стрнаично движење... Перфектно сум запознаен со боксот во тешка категорија и го проучувам долги години. Знам кои се слабите точки на тоа момче и можам да го победам. Да бидеш подобар од некој боксер со карактеристики како Џошуа е тешко, но мислам дека јас го можам тоа. Треба само да го натерам да промаши неколку удари и се ќе биде во ред“, изјави Фјури.
Фјури очекува да се врати во рингот на стартот на 2018 година. Последната борба тој ја имаше во 2015 година, кога успеа да го совлада Владимир Кличко и да освои четири шампионски појаси.