• Горан Упале
Британскиот боксер Тајсон Фјури најави дека би можел да се пензионира по победата над Дилијан Вајт, со која го одбрани ВБЦ појасот.
„Можеби ова е последен пат да се спушти завесата по „Џипси Кинг“. Поминав многу време надвор од дома, долго ме нема. Исполнив сè што сакав. Ќе се повлечам како само втор непоразен тешкаш во историјата, по Роки Марчано. Бев непобедлив во оваа игра“, рече Фјури..
33-годишниот боксер има 32 победи (23 нокаути) и едно реми во професионалниот ринг.
„Јас ѝ ветив на сопругата дека ќе се пензионирам по борбата со Вајлдер, но ми понудија борба на „Вембли“, мислам дека тоа го заслужив и им го должев на навивачите. Каков начин да се каже збогум. Сега е готово. Морам да бидам човек од збор. Мислам дека тоа е тоа“, изјави Фјури по борбата која ја следеа 94.000 луѓе.
ВБЦ појасот Фјури го освои со победа над Вајлдер во 2020 година, а во 2021 година следеше одбрана против истиот ривал.