Фјури: Ќе го победам Вајт со врзана рака и со една нога

Иако има повеќе од месец и половина до мечот за ВБЦ титулата во супертешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Дилијан Вајт, психолошките игри веќе започнаа.

Вајт не се појави на прес-конференцијата закажана за вторникот. Според луѓето од штабот на Тајсон Фјури, сè што побарал му било исполнето, но потоа почнал да додава нови услови.

„Слушнав дека не сака ни да има негов лик на плакатот кој ја најавува борбата. Не е убаво. Сепак, тој веројатно е свесен дека сè зависи од мене и дека тоа ќе биде „one-man“ шоу во Лондон.

Искрено мислам дека нема ниту најмала шанса да загубам од Вајт, без разлика што прави. Мојата самодоверба е мојот најголем адут. Точно знам што и колку можам. Би го победил Вајт со едната рака врзана зад грб и со само една нога во рингот“, вели Фјури.

Борбата за шампионската титула е закажана за 23 април на легендарниот „Вембли“.