• Зоран Мишевски
Британскиот боксер Тајсон Фјури потврди дека може да ја заврши кариерата по постоечкиот договор со кој мора да настапи на уште три борби.
Борбата против Дионтеј Вајлдер за време на викендот е клучна околу одлуката на „циганскиот крал“ да замине во пензија.
„Размислувам за пензија, бидејќи по овие три борби повеќе нема да имам причина да се борам. Што уште би можел да добијам. Откако в сабота ќе го победам Вајлдер, ќе ја свртам играта и ќе биде готово.
Ако ги освојам сите титули, секој појас што постои, тогаш доста е со бокс“, изјави Фјури.
Првиот дуел меѓу Вајлдер и Фјури во 2018 година заврши нерешено.