• Сашо Поповски
Викендов е закажан боксерски спектакл во кој ќе се сретнат Тајсон Фјури и неговиот поранешен спаринг партнер Дилиан Вајт.
ВБЦ шампионскиот појас ќе биде во игра при овој судир кој се очекува да го наполни „Вембли“. Предвидувањата се дека легендарниот стадион ќе прими 94.000 гледачи за оваа борба.
Фјури е голем фаворит за победата против човекот кој долго време ја чека оваа шанса. Вајт има два порази, од Џошуа и Поветкин, а сега ќе се обиде да направи сензација против еден од најдобрите во историјата.
Организаторите подготвија специјален безбедносен план, кој вклучува голем број кучиња трагачи и големо полициско присуство. Навивачите се предупредени дека секој што пие на патот до стадионот ќе биде замолен да го предаде алкохолот.