• Горан Упале

Според многумина, најдобриот боксер во тешка категорија, Тајсон Фјури по третпат ја одбрани титулата во тешка категорија - овој пат го победи Дерек Чисора со прекин во десеттата рунда.
Поинтересно од самата борба беше тоа што следуваше по неа - вербалниот судир на Фјури и Усик.
„Каде е зајачето Александар Усик? Следен си, ти грдо мало човече“, праша Фјури, а потоа продолжи да му вика на Усик откако украинскиот боксер се качи во рингот по прозивката: „Веќе се ослободив од еден Украинец, ти си следниот. Сега се смееш, но јас ќе те завршам. Тука е и Џо Џојс, јас сум единствениот што ти викам. Јас и ти ќе го запалиме „Вембли“. Не се плашам од тебе“, викаше Фјури кон Усик, кој остана мирен.
Британецот победи со технички нокаут откако на десет секунди до крајот на десеттата рунда судијата Виктор Лахлин ја прекина борбата.