Фјури: Јас сум најголемиот, без проблеми би ги победил Тајсон, Али, Луис...

Тајсон Фјури

Тајсон Фјури се прогласи за „најдобриот боксер во последните илјада години“. Покрај тоа, во последното обраќање на јавноста, рече дека без проблеми би ги победил големите шампиони како Мајк Тајсон, Мохамед Али, Ленокс Луис...

Британецот е светски шампион во тешка категорија и наскоро се очекува да го предизвика својот сонародник Ентони Џошуа.

„Не постои боксер во тешка категорија од последните илјада години кој би можел да ме нокаутира или победи. Без разлика дали тоа е Тајсон, Луис, Али...

Јас сум поголем, подобар и имам многу стилови кои би биле проблем за нив. Јас сум најдобриот кој некогаш се појавил во боксерски ринг. Без разлика на категоријата“, вели харизматичниот Фјури.

Британскиот боксер во кариерата има 31 борба, во кои оствари 30 победи, а во една, против Деонтеј Вајлдер, мораше да се задоволи со одлука без победник на судиите.