Фјури има понуда да се врати во рингот во март 2022 година

Фјури

Тајсон Фјури ја доби третата борба против Деонтеј Вајлдер, а би можел да се врати во рингот во март 2022 година. Британскиот шампион има понуда на маса да се соочи со Енди Руиз јуниор или Роберт Хелениус. 

Намерата на Фјури е да чека расплет од реваншот меѓу Ентони Џошуа и Олександ Усик. Тој би сакал да ги обедини сите титули во тешка категорија, со евентуално соочување со победникот од оваа борба. 

Ако договорот не биде постигнат, британскиот боксер би можел да прави подолга пауза. Но, ако сака да го направи тоа, ќе мора да се ослободи од ВБЦ шампионскиот појас.