Фјури и Вајлдер на крајот од годината одново ќе се сретнат во рингот

Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер и третпат ќе влезат во рингот и ќе се борат меѓусебе. Борбата е практично договорена, но засега се бара локација ширум светот. 

Извршниот директор на Топ Ренк, Бред Џејкобс за „Скај Спортс“ зборуваше околу новата пресметка на двајцата боксери, која е планирана за 19 декември. 

„Сега сме фокусирани на 19 декември и се надеваме дека до тогаш ситуацијата ќе се нормализира и ќе можеме да дозволиме присуство барем на одреден број гледачи. Бараме локација ширум светот. Важно е да најдеме најдобра локација. Ако сакаш да дојдеш до најбезбедното место на светот, Австралија е можеби идеално“, изјави Џејкобс. 

Откако првата борба заврши без победник, во втората славеше Тајсон Фјури, па Вајлдер со сигурност ќе сака да му се одмазди.