Фјури и Вајлдер ќе се збогатат без разлика на исходот од мечот

Реваншот меѓу Тајсон Фјури и Деотај Вајлдер за титулата светски првак во тешка категорија во бокс ќе се одржи во ноќта меѓу сабота и недела со почеток во 03:00 часот по полноќ. 

Првиот меч меѓу двајцата боксери заврши без победник, а по повеќе од една година дојде време за реванш. Прогнозите од стручњаците велат дека слично како и во првата, оваа битка ќе биде навистина неизвесна, а според двата борци противникот е аутсајдер. 

Интересно податок изнесе реномираниот „Боксинг Њуз 24“, кој пренесе дека Фјури и Вајлдер ќе заработат по 25 милиони долари, како фиксна отплата без разлика на исходот. Надополнето на тоа ќе добијат награди од ТВ преноси и гледаност. 

„Боксерите мора да имаат вистински тактики во текот на борбата, а тој нема ништо. Се обидува да манипулира со луѓето, за тие да веруваат во нешто што не постои. Сите знаат дека Фјури нема тупаници, туку перничиња. Моето двегодишно дете удира посилно од него“, рече 34-годишниот Вајлдер за својот ривал.

Според познавачите на благородната вештина оваа борба ќе биде најгледана во последните две години.